Над милијарда ученици погодени од затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека пандемијата на коронавирус довела до најголемо нарушување на образованието во историјата во повеќе од 160 држави што ќе влијае врз повеќе од милијарда ученици. Покрај тоа, Гутереш рече дека најмалку 40 милиони деца ширум светот ја пропуштиле „својата критична предучилишна година“.

Настава во училиште или онлајн предавања?

Како резултат на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децении напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости“. „Ние сме во клучен момент за децата и младите од овој свет“, рече Гутереш во видео пораката на започнувањето на кампањата „Спаси ја нашата иднина“. Тој оцени дека враќањето на студентите во училниците треба да биде „главен приоритет“.