Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека го одредил 15 септември како краен рок за американска фирма да ја купи кинеската компанија „ТикТок“, поради загриженост во врска со националната безбедност. Тој исто така рече дека не се спротивставува американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ да ја купи таа фирма.
Трамп ќе ја забрани апликацијата ТикТок
Трамп, кој во минатата недела се закани дека ќе го забрани ТикТок во САД поради загриженоста дека податоците што ги собира може да ги користи кинеската разузнавачка служба, рече дека разговарал со извршниот директор на „Мајкрософт“ Сатија Надела за можната зделка. Тој додаде дека ако „Мајкрософт“ или некоја друга американска компанија не го купи „ТикТок“, „таа фирма нема да работи во Соединетите држави“. ТикТок е во сопственост на кинескиот ByteDance.