Филипче: Обезбедени 61 единица плазма, ајде да даруваме

Венко Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче.Досега, денеска објави дека се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19.

„Крвна плазма може да дарува лице кое оздравело од коронавирус. Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски“, напиша Филипче.