Поранешен британски пратеник на владејачката Конзервативна партија e уапсен откако негова поранешна соработничка во Парламентот го обвини за силување и сексуален напад додека биле во врска.
Полицијата потврди дека покренала истрага, но без да го објави идентитетот на уапсениот. Жртвата тврди дека тој ја нападнал и ја принудил на сексуални односи, поради што таа била толку истрауматизирана што завршила во болница.
Лондонската полиција потврди дека покренала истрага за четири инциденти, што наводно се случиле во периодот од јуни 2019 до јануари 2020 година на различни локации во Лондон. Полицијата додаде дека успсениот 50-годишен маж е пуштен е со кауција.