Белата куќа потврди дека претседателските избори во САД, закажани за 3 ноември, нема да бидат одложени. Шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека изборите ќе се одржат на 3 ноември и дека сегашниот претседател ќе победи, пренесува Ројтерс. Во четвртокот Трамп предложи одложување на изборите, наведувајќи дека гласањето на голем број гласачи по пошта ќе влијае врз регуларноста на изборите. Идејата веднаш беше отфрлена од демократските и од републиканските законодавци во Конгресот, единственото тело што може да донесе таква одлука.
Отфрлена идејата на Трамп за одлагање на изборите
На прашањето дали е неодговорно Трамп да предложи ваков потег, неговиот шеф на кабинетот Марк Медоус рече дека претседателот прашал дали ќе бидат познати резултатите од изборите ако гласањето е целосно организирано по пошта. „Ако е така, резултатите може да не бидат познати до 1 јануари“, додаде Медоус. Претседателски кандидати треба да бидат републиканецот Доналд Трамп и демократот Џозеф Бајден, поранешен потпретседател на Соединетите Држави.