Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнс во интервју за весникот „Коха“ порача новата влада да се формира во предвидените рокови, со цел да се продолжи борбата против здравствената криза со ковид-19. Таа исто така вели дека САД ќе соработуваат со сите политички парти во земјата за да се продолжи евроатлантскиот пат на Македонија.
На прашањето за идејата на ДУИ за прв албански премиер, американската амбасадорка оценува дека плуралистичкиот систем на земјава овозможува избор на премиер со гласови на мнозинство пратеници, без оглед на етничката припадност.
Зборувајќи за приоритетите што треба да ги има следната Влада, амбасадорката Брнс вели дека треба да се искористи моментот.
„Новата влада ќе мора да постави свои приоритети. Од наша гледна точка, се надеваме дека таа ќе има за цел да извлече бенефит од моментот кога е овозможено членството во НАТО и напредокот кон ЕУ. Спроведувањето на потребните реформи и решавањето на прашањата на владеењето на правото и корупцијата, вклучително и спроведувањето на правдата со неказнивост, ќе биде клучно за овој процес. Најважно е да не се изгуби моментот“, рече Брнс.