Претседателот Пендаровски на одбележувањето на Илинден во Пелинце

Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на одбележувањето на државниот празник 2 Август, Ден на Републиката, во Mеморијалниот центар – АСНОМ во Пелинце.

Свеченоста во Пелинце, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници, за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот. Претходно, претседателот Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот во Меморијалниот центар АСНОМ, по повод одбележувањето на 76-годишнината од првото заседание на АСНОМ, стои во соопштението.