Мисовски наместо Џафери ќе ја предводи делегацијата на Мечкин Камен

Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да ја предводи делегацијата на Мечкин Камен за одбележувањето на националниот празник 2 Август –Ден на Републиката, соопшти собраниската прес служба. Делегацијата ќе ја предводипотпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

„Претседателот на Собранието Талат Џафери е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување“, додаваат од собраниската прес-служба.

Џафери на 24 јули беше хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на коронавирус, иако тестирањата на Ковид-19 му биле негативни.