Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска не донесе одлука за цената на парното греење што го плаќаат скопјани. Како што истакна Бислимоски, одлуката не е донесена заради сериозните забелешки што ги имале од БЕГ кои немале време да ги разгледаат.
„Согласно измените што ги направивме на правилниците на почетокот на јуни имаме можност одлуката да ја донесеме во текот на август и сигурно ќе ја донесеме. Имаме сериозни разидувања со БЕГ во однос на нивните трошоци за набавка на топлинска енергија од ТЕ-ТО и во одреден дел кај другите трошоци. Сакаме во разумна и релаксирана атмосфера да си ги размениме аргументите и фактите со БЕГ и да донесем одлука која ќе биде правична и за граѓаните и за компаниите“, изјави претседателот на Комисијата, Марко Бислимоски.