Државниот секретар на САД Мајк Помпео, им рече на американските сенатори дека Соединетите држави имаат намера да воведат санкции за фирми кои продолжуваат да и помагаат на Русија да изгради гасовод кон Европа. „Ќе сториме сé што можеме за да се осигуриме дека тој гасовод не ја загрозува Европа“, рече Помпео во Сенатот, додавајќи: „Ние сакаме Европа да има реални, безбедни, стабилни енергетски ресурси што не можат да бидат прекинати во случај Русија да го сака тоа“.
Помпео во Данска за рускиот гасовод “Северен тек 2”
Соединетите држави се спротивставуваат на нафтоводот „Северен тек 2“, кој под Балтичкото Море ќе го удвои директниот извоз на природен гас на Русија во Германија, при што се заобиколува Украина. Работата на проектот скоро 11 милијарди американски долари, кој е повеќе од 90 отсто од завршен, беше запрена во декември, откако Соединетите држави донесоа закон со кој се воведоа санкции за бродовите што го поставуваат гасоводот.