Републиканците и демократите во американскиот Конгресбрзо го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп за можмо одлагање на претседателските избори на 3 ноември поради стравувања дека гласањето по пошта ќе резултира со измама и неточни резултати.
Трамп навести можно одложување на претседателските избори
Повеќе републиканци, вклучувајќи го и лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич МекКонел, републиканец од Кентаки и врвни членови на партијата во Претставничкиот дом, ја отфрлија идејата. „Никогаш во историјата на земјата, преку војни, депресии и Граѓанска војна, никогаш сме немале не навреме одржани избори и ќе најдеме начин да го сториме тоа повторно и на 3 ноември“, изјави МекКонел.
Трамп ја откажа конвенцијата на републиканците
Демократите, исто така, брзо реагираа, при што Зои Лофгрен, демократ од Калифорнија која го надгледува изборното обезбедување, ја отфрли идејата за одложување. „Под никакви околности нема да размислиме да го сториме тоа за да се прилагодиме на несоодветниот и несреќен одговор на претседателот на пандемијата на коронавирус, или да им дадеме доверба на лагите и дезинформациите што тој ги шири“, рече Лофгрен. Трамп подоцна на брифинг рече дека не сакал одложување, но исто така не сакал да чека со месеци и потоа „да дознае дека гласачките ливчиња исчезнале и изборите не важат”.