ЕУ за првпат воведе санкции против луѓе и правни лица поради извршени сајбер-напади. Санкции се воведени против четворица Руси и една единица на руското воено разузнавање ГРУ. Санкции се воведени и против две правни лица од Кина и едно од Северна Кореја, како и против двајца Кинези.
„Ќе бидат преземени рестриктивни мерки против шест лица и три субјекти „одговорни за вмешаност во различни сајбер-напади“, вклучувајќи го и обидот за хакирање на Организацијата за забрана на хемиско оружје, соопшти денеска Европскиот совет.
Санкциите предвидуваат забрана за патување и замрзнување на средства, се вели во соопштението. На европските државјани и фирми им е забрането да ги финансираат тие што се под санкции.
Законската рамка за санкции поради сајбернапади беше донесена во мај минатата година.