Репортери без граници предупредуваат на прекршување на слободата на медиумите во Белорусија пред одржувањето на претседателските избори во земјата закажани за две недели. Воедно од организацијата го осудуваат систематското апсење на новинари кои известуваат од продемократските протести. Според организацијата, повеќе од 40 новинари се приведени во текот на изминатите 10 недели.
„Властите се подготвени да сторат се за да се спротивстават на независните медиуми“, соопштија од Репортери без граници.
Тие повикаа на непристрасни истраги со цел да се гонат оние што се виновни за попречување на работата на новинарите, што е казнено со кривичниот законик на Белорусија. Белорускиот претседател Александар Лукашенко кој е на власт од од 1994 година, е во трката за шести мандат на претстојните избори.
Стотици луѓе, вклучително активисти и блогери, се уапсени, бидејќи владата силно се спротивстави на демонстрациите за поддршка на кандидатите од опозицијата, кои не беа регистрирани од изборната комисија.