Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките, вели Дарко Димовски, претседателот на ССМ, по информациите дека над 700 работодавачи земале пари од државата за да исплатат плата како помош поради корона-кризата, а парите не им ги исплатиле на своите вработени.
Димовски во емисијата „Утрински брифинг“ вели дека тие апелирале за ова и УЈП брзо ги откриле фирмите кои не ги исплатиле субвенционираните плати од по 14.500 денари, но додава дека треба тие работодавци да се казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат, ама и дека „тоа не е доволно и мора кривично да се одговора“.
- Земале пари од државата за плати, ама не им ги дале на работниците
- ССМ: Субвенции и за јунска плата, ама на сметка на работниците
Вчера УЈП информираше дека работодавачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга…, ја зеле фиансиската поддршка од државата за плата на вработените, но не им ја исплатиле на работниците. Тоа го покажала анализата на Управата за јавни приходи, институција преку која се спроведуваше оваа мерка за поддршка од последиците од корона-кризата, а со цел да се задржат работните места.
Според директорката на УЈП, Сања Лукаревска, станува збор за над 13 милиони денари субвенционирани плати кои ги земале над 700 фирми, но не им ги исплатиле на работниците. Со тоа биле оштетени речиси 1000 работници.