Американски официјални лица идентификуваа три веб-страници на англиски јазик за кои велат дека Русија ги користи за ширење дезинформации за пандемијата на коронавирус за да ја наруши американската борба за спречување на епидемијата. Американските власти беа цитирани на 28 јули од новинската агенција „Асошиетед Прес“ дека активноста е поврзана со руските разузнавачки служби. Тие идентификуваат двајца Руси кои вршеле високи улоги во воената разузнавачка единица „ГРУ“, како одговорни за напорите за дезинформации насочени кон САД и западната публика.
Ковид-19 во руското и кинеското влијание на Балканот
АП објаснува дека американските службеници зборувале под анонимност затоа што не биле овластени да зборуваат јавно. Американски официјални лица претходно предупредуваа на ширење дезинформации поврзани со пандемијата, но официјалните лица цитирани од АП отидоа понатаму со издвојување на InfoRos, агенција за информации што е регистрирана во Русија и која оперира со веб-страниците InfoRos.ru, Infobrics.org и OneWorld.press. Меѓу крајот на мај и почетокот на јули, веб-страниците објавија околу 150 статии за пандемискиот одговор, вклучително и написи што и даваат на Русија позитивно светло или што ги омаловажува Соединетите држави, рече едно од официјалните лица.