Црвениот крст на Скопје, со поддршка на градските власти, ќе започне со теренски активности за справување со најавени топлински бранови. Како што соопштуваат од Црвениот крст, согласно искуствата од претходните години, мобилните екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи ќе патролираат низ градот Скопје и тоа во централното градско подрачје како и поголемите автобуски постојки каде што ќе даваат шишиња со вода.
Ќе го стопи ли коронавирусот топлото време?
Денеска, утре и задутре мобилните тимови ќе бидат на терен во периодот од 10:00-16:00 часот. За активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 12 волонтери распоредени во четири тима со четири возила. Се планира дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри вода на дневна основа.