Блокирани се профилите на Јутјуб на рускиот ТВ канал Цариград и на поранешниот главен уредник Александар Дугин кој се смета за поддржувач на Кремљ, соопштија денеска од претставници на Гугл кои се сопственици на „Јутјуб“. Во соопштението е наведено дека двата канала се блокирани поради кршење на неколку закони и трговски регулативи.
Профилот на ТВ Каналот кој што имаше над милион следбеници и објавуваше видео содржини за конзервативни православни христијани го изгуби правото повторно да го објавува содржини.Основачот и сопственик на рускиот ТВ канал Констатин Малофејев веќе 6 години е под американски санкции поради учество во анексијата на украинскиот Крим од страна на Русија во 2014 година, како и поради неговата јавна поддршка на руските сепаратисти во источниот дел на Украина каде што околу 13 илјади луѓе загинаа за време на конфликтот.
Уредничката на ТВ каналот Дарија Токарева изјави дека Јутјуб го блокирал профилот без предупредување и додаде дека компанијата преку судот ќе се обиде да го поврати назад.
Претходно, во мај годинава, социјалната мрежа Фејсбук ги спроведе американските санкции и ги блокираше профилите на Инстаграм на шефот на рускиот регион Чеченија Рамзан Кадиров и на рускиот пратеник од Чеченија Адам Делимханов, како и на спикерот на чеченскиот парламент Магомед Даудов и вицепремиерот на чеченската влада Абузади Висмурадов.