Путин и Ердоган разговараа за конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган по телефон разговарале за воениот конфликт на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, соопшти Кремљ, наведувајќи: „Двајцата државници изразиле подготвеност да ги координираат напорите за стабилизација во регионот“. Путин претходно овој месец рече дека конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија е многу чувствителна работа за Русија.

Ерменци и Азербејџанци се тепаат низ улиците на Москва

Ситуацијата на азербејџанско-ерменската граница ескалира од 12 јули при што имало и жртви. Од 17 јули, обете страни ја карактеризираат ситуацијата како релативно мирна, иако и едните и другите се обвинија за гранатирање во близина на линијата за контакт во спорниот регион Нагорно-Карабах. Двете земји се во конфликт од 1988 година, кога Нагорно-Карабах со претежно ерменско население објави дека се отцепува од Азербејџан. Во текот на вооружениот конфликт во периодот 1992-1994 година, Азербејџан ја изгуби контрола над Нагорно-Карабах.