На старите функции вратени се 14 раководни лица во МВР

Од денеска согласно постоечките законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада, повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во МВР, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада.

Од МВР денеска соопштија дека се ревидирани и составите на телата и комисиите при МВР. За раководител во Битола е именуван Африм Шабани, во Куманово Севадил Џафери, во Охрид Хамди Емини, во Скопје Мемедали Мухареми и во Тетово Јетмир Абази.

Како што соопштија од МВР, на раководни позиции се враќаат Тони Јакимовски, началник на СВР Скопје во Бирото за јавна безбедност,Сашо Смилески началник на СВР Охрид во БЈБ, Марјан Коцев, началник на СВР Штип во БЈБ, Славко Јовановски началник на СВР Битола во БЈБ, Игор Каравилоски началник на одделение за внатрешни работи Прилеп во СВР Битола во БЈБ, како и Злате Јаневски началник на СВР Велес во БЈБ и Танчо Пројковски началник на СВР Струмица во БЈБ.

Во соопштението од МВР се наведува дека на старите раководни функции се враќаат и Стојанче Величковиќ началник на СВР Куманово во БЈБ, Дејан Андонов помошник на министерот на Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди,потоа Бранко Трајановски началник на Оддел за специјални полициски операции во БЈБ, Митко Даневски командант на Единица за специјални операции во БЈБ, Лазо Велковски началник на Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ, како и Примислав Димовски началник на Единица за интервентна полиција во СВР Скопје во БЈБ и Марјан Здравковски помошник на минситер за Оддел за информатика и телекомуникации.