Пораст на бројот на заразени од ковид-19

Белград, болница,

Неколку земји во Европа повторно се соочуваат со зголемен број на инфекции со коронавирус неколку недели по укинувањето на ограничувањата и дозволување на патувања. Во меѓувреме, број на потврдени случаи во светот надмина 16 милиони со скоро 645.000 смртни случаи. Пикот на нови случаи предизвикува загриженост дека кревкиот напредок во спречувањето на ширењето на вирусот би можел брзо биде прекинат. Шпанија се бори да го задржи порастот на нови инфекции и презема нови мерки за да се запре ширењето, додека другите европски нации наметнаа патни ограничувања на своите граѓани кои се враќаат дома од одмор во Шпанија.

Каталонија ги затвора ноќните клубови и кафулињата поради ковид-19

Во Латинска Америка, повеќе од 4 милиони луѓе се заразени со вирусот, а над 160.000 луѓе починаа. Бразил, е втора земја во светот со скоро 2,4 милиони инфекции и 86.000 смртни случаи. Во Северна Кореја, државните медиуми објавија на 26 јули дека лидерот Ким Џонг Ун наредил затворање на храдот Каесонг во близина на границата со Јужна Кореја, откако едно лице било пронајдено со сомнителни симптоми на ковид-19.