Нови 152 случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 152 случаи на коронавирус во земјава од направени 1077 тестирања. Нема починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Најголем број од новите случаи се регистрирани во Скопје - 39. Во Куманово има 20, Гостивар 15, Штип 14, Струга 13, Тетово 9, Дебар 8, Битола и Кавадарци по 5, Струмица 4, Охрид, Делчево и Гевгелија по 3, Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево по двајца и по еден нов случај има во Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово и во Свети Николе.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти.

Досега во нашата земја се направени вкупно 95169 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 10086, бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.