Кинескиот конзулат во Хјустон, Тексас е затворен откако Пекинг го испочитува барањето на САД во услови на зголемени тензии меѓу двете земји. Кинеските дипломати имаа рок до 24 јули да си заминат од конзулатот.
Претходно, во текот на истиот ден кинеското Министерство за внатрешни работи им нареди на САД да го затворат својот конзулат во кинескиот југозападен град Ченгду.
Министерството за надворешни работи соопшти дека овој потег е „легитимен и неопходен одговор на неразумните мерки на Соединетите Американски Држави“.
„Тековната состојба во односите меѓу Кина и САД не се онакви какви што би сакала Кина, но САД се одговорни за сето тоа“, се вели во соопштението на Пекинг.
Американската влада на 21 јули нареди Кина да го затвори конзулатот во Хјустон по наводите дека станува збор за центар на шпионажа и кражба на интелектуална сопственост.
Односите меѓу Кина и САД се затегнати и по низа други прашања вклучувајќи трговија, права на интелектуална сопственост, 5Г технологија, човекови права и коронавирусот.
САД ја обвинија Кина дека го доведе во заблуда светот околу избувнувањето на заразата и му овозможи на вирусот брзо да се шири на глобално ниво.
На 23 јули државниот секретар на САД Мајк Помпео ги повика сојузниците на САД да застанат заедно против глобалните „хегемонистички“ аспирации на Кинеската комунистичка партија, велејќи дека децениските ангажмани со Пекинг не ги дале очекуваните резултати за соработка и подемократска Кина.