Бугарскиот претседател Румен Радев синоќа им се придружи на демонстрантите, на 15-от ден од антивладините протести во Софија и другите градови низ земјата. “Бугарите никогаш не биле пообединети во желбата да ја повратат земјата од мафијата. Плоштадот роди братство на чесни луѓе кои нема да бидат робови на лаги и закани и кои веруваат дека слободна Бугарија на достојни граѓани е нашата иднина”, рече бугарскиот претседател пред насобраните.
Борисов „ја преживеа“ интерпелацијата
Од протестот се бара оставка од целата влада и главниот обвинител. “Владата повторно е глува и не ги слуша гласовите на луѓето и зборува за некои шминкања во кабинетот. Тие се надеваат дека летните одмори и заморот ќе ве поколебаат, но ако имаат храброст да се симнат меѓу вас и да ве погледнат во очи, ќе видат дека нема да го дозволите ова”, додаде Радев. Според него, протестите се почеток на крајот на злобниот модел што Бугарија ја закотви на дното на Европа.