УЈП: Нема да доцни повратот на ДДВ од скенираните сметки

Архивска фотографија од презентацијата на апликацијата за Мој ДДВ во УЈП

Со новите пресметки нема да има доцнење на повратот на ДДВ за граѓаните кои скенираат фискални сметки, соопшти денеска, по информациите во јавноста дека новиот начин на пресметка ќе предизвика задоцнет поврат. Единствената промена, според управата, е тоа што наместо досегашните 15 отсто од платениот ДДВ, ќе се враќа 20 проценти од оној за домашни производи и 10 од оној за странски производи.

„Управата за јавни приходи во ниту еден сегмент од текстот со кој најави дека брзо и ефикасно ја приспособи апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка, не најави дека ќе има доцнење во исплатата на повратот од Мој ДДВ за второто тримесечје“, соопшти УЈП.