Вучиќ: Сите во регионот се вооружуваат со неверојатна брзина

Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа рече дека сите во регионот се вооружуваат со неверојатна брзина и оцени дека „нешто чудно се случува“. "Денес добив извештај за целиот регион и бев шокиран затоа што не го разгледав тој извештај два и пол месеци. Имаме огромен јаз во оклопните возила кон Хрватска. Имаме огромни проблеми со обуката и дополнителното вооружување на косовската армија", рече Вучиќ за Радио телевизија Србија.

Српската војска се пофали со руските хеликоптери

Во врска со наводите на медиумите дека тенкови од Германија пристигнуваат на Косово, Вучиќ рече дека ги побарал од разузнавачките агенции „сите информации“ за тоа. „Се надевам дека нашите германски партнери нема да го сторат тоа“, рече претседателот на Србија. Тој исто така рече дека тоа што Соединетите држави во еден момент кажале оти постои можност за напуштање на базата Бондстил во Косово, довело други членки на НАТО да сакаат да вложуваат во поддршката на косовската војска.