Не ги очекувајте првите вакцини за ковид -19 пред почетокот на 2021 година, велат експерти од СЗО. Истражувачите напредуваат добро во развој на вакцините против ковид -19, со мал број на испитувања кои веќе се влезени во следната фаза, но нивната прва употреба може да се очекува дури во почетокот на 2021 година, изјави извршниот директор за итни програми на Светската здравствена организација Мајк Рајан. Тој на јавен настан на социјална мрежа истакнал дека реално ќе биде во првата половина од следната година да започне процесот на вакцинација на луѓето.