Преговорите меѓу црногорската влада и СПЦ без резултат

Црна Гора - Преговори меѓу владата и СПЦ.

Без резултат завршија преговорите меѓу стручните тимови на Владата на Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ) за законот за слобода на религијата. По состанокот премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ изјави дека и покрај бројните отстапки од стана на тимот на црногорската власта, денешните преговорите не завршиле успешно.

На вториот круг експертски преговори се согласиле државата, а не црквата да докажува утврдување на записи од регистар на земјиште од управна постапка во редовна судска постапка. Марковиќ вели дека владиниот експертски тим го прифатил предлогот Српската православна црква да продолжи да ги користи сите црковни и манастирски објекти, имот и други недвижнини што се државен имот или да се утврди во судска постапка како државен, верски и културен имот.

Ѓукановиќ - Црна Гора треба да има своја православна црква

Марковиќ појасни дека е предложен комплетно нов член 64 од Законот, со кој се исклучува можноста верските објекти да може да ги користи која било верска заедница, освен Митрополијата црногорска-приморска (МЦП) и други епархии на СПЦ во Црна Гора.

Тој посочи дека целта на отстапките е да се надминат несогласувањата и поделбите во „православното битие на Црна Гора“ и да се изгради доверба меѓу државата и црквата.

Марковиќ вели дека црногорската власта побарала регистрација на сите цркви и верски заедници, вклучувајќи ја и Српската православна црква и нејзините епархии, но СПЦ тоа го одбила.демократски општества. За жал, Српската православна црква одби, рече Марковиќ.

Епископскиот совет на СПЦ денеска ја обвини Владата на оваа земја дека не сака успех на преговорите за Законот за слобода на религијата.

„За жал, констатираме дека последниот предлог на Владата постави ултиматум пред Црквата во форма на задолжителна регистрација на Митрополијата и епархиите на Српската православна црква во Црна Гора, и покрај фактот дека тие постоеја како црковни институции во Црна Гора веќе осум века. Станува збор за невидено понижување во вид на ултиматум на Црквата“, наведува Епископскиот совет на СПЦ.

Советот додава дека предлогот на Владата за користење на црковниот имот и докажување на сопственоста за нив бил прифатлив, но дека тие не би можеле да се согласат со обврската за нова регистрација.

Контроверзниот закон за верска слобода, усвоен од парламентот кон крајот на декември 2019, додаде масло на огнот во повеќедецениските тензии меѓу ривалските свештенства. Новиот закон бара верските заедници да докажат дека имаат сопственост на имот од пред 1918 година - кога Црна Гора стана дел од Југославија – ако сакаат да го задржат.