Владата на денешната седница го усвои протоколот за организирање државни настани, а го донесе и Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година, соопшти владината прес-служба.
Според соопштението, Владата дала согласност за отпочнување на процесот за пристапување кон европската рамковна програма за истражување и иновации „Хоризонт Европа 2021-2027".
Владата денеска ги усвои и информациите за напредокот на Република Македонија во делот на „Цивилна подготвеност" НАТО Процес на одбранбено планирање (NDPP) за период јануари 2020 година – јуни 2020 година, и Информацијата за учеството на Република Македонија во НАТО Процесот на одбранбено планирање (NDPP).