Бугарските пратеници не ѝ изгласаа недоверба на бугарската влада, јави Ројтерс. Премиерот Бојко Борисов „го преживеа“ гласањето за недоверба што го бараа опозициските социјалисти, кои ја обвинуваат дека не успеала да ја искорени ендемската корупција. Против изгласувањето на недоверба беа 124 пратеници во парламентот кој има 240места, додека 102 пратеници гласале „за“.
Веќе скоро две недели, илјадници Бугари протестираат против владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов поради корупцијата. И денеска пред парламентот голем број луѓе со транспаренти го чекаа резултатот од интерпелацијата.