Британија најави прекин на договорот за екстрадиција со Кина

Велика Британија најави дека ќе го прекине договорот за екстрадиција со Хонгконг, поради ескалацијата на спорот со Кина за законот за национална безбедност што Пекинг го воведе во таа поранешна британска колонија, пишуваат медиумите.

Министерот за надворешни работи, Доминик Рааб, кој во неделата ја обвини Кина за масовно кршење на човековите права, ќе објави прекин на договорот во парламентот, пишуваат „Тајмс“ и „Дејли телеграф“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во Пекинг ја повика Велика Британија да не оди по погрешен пат.

Официјален Лондон пак е загрижен за немирите во Хонгконг, кој како територија беше вратен на Кина во 1997 година и смета дека Кина не била целосно искрена за појавата на пандемијата на коронавирус.