Лидерите на Европската унија продолжија да се расправаат до рано изутрината во Брисел, не можејќи и по три дена преговори да постигнат договор за буџетот и пакетот за економска помош поврзан сокоронавирусот. Атмосферата особено се вжешти откако францускиот претседател Емануел Макрон ги критикуваше лидерите на Холандија и на Австрија и се закани дека ќе си оди.
Трет ден разговори за буџетот на ЕУ за опоравување од Ковид-19
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, им порача на 27-те лидери на ЕУ дека повеќе од 600.000 луѓе починале како резултат на коронавирусот ширум светот и дека нивна одговорност е да застанат заедно во време на криза. Маратонските разговори не успеаја да дадат согласност за големината и правилата за пакетот заеми и грантови од 750 милијарди евра како помош да се надмине рецесијата предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Самит на ЕУ за планот за опоравување од пандемијата
На 19 јули, Мишел направи нов обид да ја убеди коалицијата меѓу Холандија, Шведска, Австрија, Данска и Финска која сака да ја намали големината на пакетот и да се постават строги правила за тоа како да се користи. Лидерите исто така се обидуваат да го донесат ибуџет на ЕУ од повеќе од 1 трилион евра за 2021-2027 година. Самитот требаше да трае два дена.