Левица поднесе 425 приговори за нарушување на изборниот процес

Илустративна фотографија - рекламен билборд на партијата „Левица“ за предвремените парламентарни избори 2020.

Политичката пртија Левица денеска до Државната изборна комисија (ДИК) поднесе 425 приговири за нарушување на изборниот процес, соопшти партијата посочувајќи дека приговорите се поднесени преку овластено лице во ДИК поради, како што се наведува во објавата, бројни нерегуларнсоти во процесот на броењето и сумирањето на резултатите од гласањето, како и по добиените инфорамции за случени манипулации и фалсификати.

„Овие приговори се однесуваат на голем дел од избирачките места од повеќе изборни единици каде набљудувачите на партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, ни дадоа инфорамции за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК“, се вели во објавата на партијата на социјалната мрежа Фејсбук.

Левица обвини дека ѝ се украдени 3 мандати, ќе ги тужи членовите на ДИК

Партијата смета дека со тоа е директно оштетена дека ѝ се скратени три пратеници, но и оти во текот на денот ќе продолжи да поднесува приговори до завршувањето на законскиот рок од 48 часа.

Течат роковите за приговори за резултатите од изборите

Роковите за приговори почнаа да течат вчера вечер, откако Државната изборна комисија ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски денеска изјави дека по завршувањето на роковите за поднесувањер приговори, ДИК ќе закаже јавна седница на која ќе ги разгледува и ќе одлулува за приговорите.

Левица освои два мандати според резултатите кои ги објави ДИК по одржувањето предвремени парламентарни избори на 15 јули во земјава во услови на пандемија на коронавирусот.

Според резултатите на ДИК најмногу мандати освои коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ 46, потоа следуваат коалицијата „Обнова“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 44, ДУИ 15, Алијансата за Албанците - Алтернатива 12, Левица два пратеника и ДПА еден.ж

Недобивањето на датум за преговори за членство во Европската унија во октомври 2019, беше причина лидерите на најголемите партии во земјава да договорат одржување на предвремени парламентарни избори на 12 април оваа година, но тие беа одложени за 15 јули поради избувнувањето на епидемијата на Ковид -19.