До ДИК до 11 часот нема поднесени приговори од политичките партии и коалиции кои учествуваа на изборите во средата иако роковите започнаа да течат синоќа кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.
До 21 часот вечер е рокот кога може да се поднесе приговор за постапката за гласање додека до сабота навечер околу 19 часот и 30 минути истекува рокот за сумирање и утврдување на резултатите од предвремените парламентарни избори.
Сајтот на ДИК за изборните резултати пак падна
ДИК со задоцнување вчера ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите поради, како што изјави претседателот, хакерски напад на веб-страната на Комисијата.