Бугарскиот премиер Бојко Борисов посочи дека шефот на државата Румен Радев бил сценарист на антивладините протести, кои неколку денови се одржуваат во Софија и во повеќето градови во земјата. Опишувајќи се себеси за најискусен политичар, најмногу избиран од народот, Борисов ја коментираше одговорноста на Владата и коалициските партнери да не се „дели“ земјата во моментов, затоа што до крајот на годинава светот ќе го зафати тешка криза.
Борисов побара оставки од тројца министри, антивладините протести продолжуваат
Претседателот на Бугарија, Румен Радев кој завчера им се обрати на демонстрантите, истакнувајќи дека интригите на државниот обвинител и на Владата и одбивањето да се слушне гласот на граѓаните само ја продолжува кризата и оти довербата е загубена. Тој додаде дека протестите се национален консензус против мафијата, корупцијата, поврзаноста на државата и медиумите и против поткопувањето на демократските институции и закони.