Трамп го смени менаџерот на неговата кампања

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата ги шокираше членовите на неговата кампања со смената на менаџерот за кампањата Бред Парксејл со ветеранот на конзервативците Бил Сепијен. Односот меѓу Трамп и Парксејл се влоши откако на предизборниот митинг во Тулса, Оклахома, имаше неочекувано мал број луѓе, што го налути претседателот. Трамп се бори во кампањата за негов реизбор против демократскиот кандидат Џо Бајден кој е во водство во земјата која се соочува со здравствена и економска криза поради пандемијата со ковид-19 во која починаа повеќе од 135.000 Американци.

САД во јуни го постигнаа најголемиот буџетски дефицит во историјата

Трамп ја објави својата одлука на Твитер доцна во средата. Парксејл е близок сојузник на зетот на Трамп и постар советник на Белата куќа, Џаред Кушнер, кој ја има главната контрола врз кампањата на Трамп.