Николовски прогласи победа на СДСМ и коалицијата „Можеме“

СДСМ

Победа на коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ прогласи генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој е и кандидат за пратеник. Неколку минути пред полноќ тој рече дека победуваат на предвремените парламентарни избори. На 75 отсто од обработени податоци, коалицијата „Можеме“ победува и продолжува понатаму уште повеќе и уште подобро, рече тој.

„ВМРО-ДПМНЕ и белата палата ќе треба да си бараа ново раководство.Според податоците во растечки тренд водиме со два мандати. Ја имам честа да прогласам победа на СДСМ и на оваа голема коалиција“, рече Николовски.

Тој рече дека после 18 години прогласуваат победа на парламентарни избори во земјата. Граѓаните избраа сигурност и го казнија ВМРО-ДПМНЕ кој сакаше да донесе опасност.