Бајрами - Изборите се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број нерегуларности

Јавниот обвинител Џељал Бајрами

Јавниот обвинител Џељал Бајрами

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето констатира дека парламентарните избори 2020 година се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број нерегуларности, соопшти вечерва јавниот обвинител Џелал Бајрами, претседател на Комисијата.

На електронската адреса izbori@jorm.mk на која граѓаните можеа да пријават сомнежи за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, како што информира тој, пристигнале вкупно 24 известувања за настани случени во текот на изборниот процес, вклучително и денеска во текот на гласањето. Од вкупно 24 известувања, соопшти Бајрами, три се однесуваат на настани во различни изборни места и градови каде лицата кои го остварувале правото на глас ги сликале гласачките ливчиња.