Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој е и носител на кандидатската листа на неговата партија во третата изборна единица, рече дека по обработени 20 отсто од гласачките места, ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред СДСМ од над 10 илјади гласови. Според овие бројки, предноста на ВМРО-ДПМНЕ се движи околу 7-8 пратеници, рече Јанушев.
Тој рече дека водат во повеќето општини, а од досега преброените гласови во Гази Баба, Аеродром, Кратово, Кривогаштани, Свети Николе и во Бутел водат со 2 спрема 1 во однос на СДСМ.
„Победуваме во Македонија, победуваме речиси секаде“, рече тој.
Тој рече дека на изборите имало бројни нерегуларности, како агитирање за време на изборен молк, поткуп на гласачи и притисоци врз администрација.
„Сите овие нерегуларности извршени од власта се процесуирани до надлежните институции, а известени се и меѓународните набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР“, рече Јанушев.