Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој е и носител на кандидатската листа во третата изборна единица, вечерва рече дека според првичните информации коалицијата предводена од СДСМ е во огромно водство. Тој сепак не одговори колку пратенички места очекуваат.
„Со право очекуваме потврда на резултатите од анкетите и сигурна победа на СДСМ и чист мандат за коалицијата „Можеме“, рече Николовски.
Тој оцени дека изборниот ден поминал во мирна и демократска атмосфера, а од здравствен аспект изборните биле безбедни.