МВР – Носеле маски со партиски симболи, сликале гласачки ливчиња...

Парламентарни избори 2020

Имало сликање на гласачките ливчиња во Дебар, Кичево и во Скопје.

На гласачко место во Аеродром претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција бидејќи жена влегла на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакала да ја смени. Откако интервенирала полицијата, таа ја симнала маската, по што ѝ било дозволено да гласа. Но, потоа 37-годишната жена на висок тон се расправала со полицајците, не сакала да престане иако била опомената, па затоа била лишена од слобода.

Полиција интервенирала и на гласачко места во Дебар оти гласач си го фотографирал избирачкото ливче.

За истото дело имало пријава и во Кичево и во Скопје.

Во Прилеп било пријавено дека човек го нарушил јавниот ред и мир во дворот на ОУ „Кире Гаврилоски“, каде што има гласачки места, еден човек нападнал друг. Интервенирано е од полициски службеници.