Одѕивот до 17 часот скоро 39 отсто, највисок во Крива Паланка

Оливер Дерковски, претседател на ДИК

Најголема излезност има во четвртата, а најмала во шестата изборна единица.

До 17 часот на гласање излегле 703.597 гласачи, што се 38,78 отсто од регистрираните избирачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски. Највисока излезност од 43,99 отсто има во четвртата изборна единица, во третата излегле 43,87 отсто, во првата 41,07 отсто, во петтата 38,22 отсто, во втората 36,98 отсто и најмал одѕив има во шестата изборна единица, каде што на гласање излегле 29,6 отсто од регистрираните избирачи. Ова се податоци од обработени 3459 од вкупно 3480 избирачки места.

Најголема излезност до 17 часот има во Крива Паланка, каде што гласале 58,7 отсто од гласачите, а најмала во Центар Жупа со 16,63 отсто.

Дерковски рече дека изборниот ден поминува во најдобар ред со мали спорадични инциденти и проблеми кои се решаваат во од.

„Има неколку претставки за нарушување на изборниот процес и неколку приговори за повреда на избирачко право, за нарушување на изборен молк, што не се преголеми прекршувања за да го нарушат изборниот процес.

На парламентарните избори во 2016 година, излезноста до 17 часот беше 60,41 отсто.