Најниска евиденција на граѓаните кои го оствариле правото на глас во тетовско се бележи во Општина Желино, каде што има 23.926 лица на избирачкиот список. До 15 часот таму гласале 17, 58 насто од граѓаните. На претседателските избори во 2019 година излезноста во 15 часот исто така била најмала во општина Желино, каде што тогаш гласале само 10,06 проценти од граѓаните во избирачкиот список
Општина Тетово до 15 часот и натаму има најголема излезност, сега од 26,03 насто од 84.454 гласачи на 117 избирачки места. Следат Јегуновце со 25, 21% и Теарце со 23,77%.
Општина Брвеница бележи 20, 98 насто одзив на гласачите, додека Боговиње 20,74 проценти излезност на граѓаните.