Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од оваа граѓанска асоцијација не се забележани неправилности.
Податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, велат дека одзивот на гласачите до 14 часот се движи од 20,72 насто во 6-тата изборна единица, до 33,74 проценти во изборната единица број 3.