Од 84.454 граѓани, во Општина Тетово до 13 часот има најголема излезност од 20,52 отсто на 117 избирачки места од шесте општини на тетовското подрачје. Следат општина Јегуновце, која е најмала локална самоуправа по број на гласачи и општина Теарце со одѕив од 17,05 %.
Општина Брвеница има 16,34 отсто излезност од 15.534 граѓани, додека Боговиње има 15,07 %. Најмалку одзив на гласачите има во општина Желино каде од 23.926 граѓани до 13 часот гласале само 10,73 отсто.