Избирачки одбори во Битола имаат проблем со апликацијата за излезност

Избирачко место во Битола

Триесетина избирачки одбори од општина Битола и уште неколку од Могила имаат проблеми со пополнувањето на апликацијата од која се регистрира излезноста на гласачите за даден период.

„Доцниме со излезноста на гласачите бидејќи триесетина одбори имаат проблем со внес на податоци во апликацијата. Се прават напори да се среди ситуацијата. Им се објаснува, а се дозволи и телефонски да ни јавуваат, па во ОИК ги сметаме и рачно се внесуваат од страна на лицето за техничка промош во ДИК. Поради тоа малку доцниме со податоците за излезност на гласачите“, рече Весна Томовска, претседател на ОИК-Битола.

Апликацијата е воведена од ДИК за овие избори првпат, а преку неа избирачките одбори ги информираат општинските изборни комисии за процентот за излезност.