Излезноста на гласачите до 11 часот, според обработени податоци од 3.319 избирачки места од вкупно 3.480, изнесува 15,51 насто. Според Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 281.308 избирачи.
Врз основа на податоците од веб-страната rezultati.sec.mk, најголем одзив има во Изборната единица 3 и изнесува 18,86 проценти, а најмал во 6-ата, каде што на гласање излегле само 9,26 насто од вкупниот број запишани избирачи.
За споредба, на предвремените парламентарни избори во 2016 година до 10 часот одзивот на гласачите бил 9,52 отсто, додека на претседателските избори што се одржаа лани излезноста до 10 часот изнесувала само 6,16 отсто.