Жителите од малите села во дебарско гласаат во Дебар

Поглед на општина Центар Жупа и Дебар

Во општина Дебар сите 27 гласачки места се отворени во 7 часот без проблеми. Бројот на регистрирани гласачи е 18 илјади и 764.

Секретарот на Општинската изборна комисија Али Реџа за Радио Слободна Европа изјави дека целосно се почитуваат мерките и протоколот за гласање на овие предвремени парламантарни избори.

Поради обезбедување на соодветни услови за гласање во услови на пандемија, гласачките места од Центарот за Култура и општата болница во Дебар се дислоцирани во деветолетката „Пенестија“. Треба да се нагласи дека поради мал број жители во селата Аме, Бањиште, Кривци и неколку села во Мала Река, лицата со право на глас денеска гласаат во просториите на поранешните дислоцирани факултети на тетовскиот универзитет во Дебар, како и во селото Могорче, каде што бројот на жителите е околу 2 илјади.