Гласањето на предвремените парламентарни избори минува непречено, а одзивот на гласачите, според податоците до 9:00 часот од 2.326 избирачки места е 5,19 насто, информираше портпаролот на ДИК Адмир Шабани на првата денешна прес-конференција.
Сите гласачки места се навреме отворени во 7:00 часот, а гласањето ќе заврши во 21:00 часот, рече тој.
До 9 часот најголем е одзивот во Изборната Единица 1 и изнесува 6,58 проценти, а најмал во Изборната Единица 6, каде што е 2,59 насто.
До одржувањето на прес-конференцијата, до ДИК официјално не пристигнал ниту еден приговор за гласањето.