Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша закон во кој се неведува дека Соединетите држави ќе ја сметаат Кина одговорна за репресивните акции против жителите на Хонг Конг. Законот предвидува санкции за кинеските власти вклучени во наметнување на нивното владеењево Хонг Конг. Покрај тоа, Трамп издаде декрет со кој се суспендира американскиот преференцијален третман на Хонг Конг.
Кина се закани со одговор по новите мерки на САД за медиуми од земјата
Двата потега се дел од офанзивата на администрацијата на Трамп против Кина поради, како што тој го нарекува, неправедниот третман на таа растечка азиска суперсила, која, според Трамп, криела детали за пренесување на коронавирусот од човек на човек.