Поранешниот романски премиер Понта виновен дека за плагијат во неговиот докторат

Поранешниот романски премиер Виктор Понта

Етичкиот комитет на универзитетот во Букурешт едногласно потврди дека Понта препишал 115 од 297 страници содржани во неговата докторска дисертација.

Романскиот суд го прогласи поранешниот премиер Виктор Понта за виновен за плагијат, беше потврдено денеска.

Врховниот суд во Романија открил дека поранешниот премиер плагирал големи делови од неговата докторска дисертација. Тој го сторил тоа со едноставно копирање на составните делови на други текстови и вклучување во дисертацијата без наведување извори, со што ги потврди наводите во обвинението, поднесено во 2012 година, што Понта се обидуваше да го оспори.

Научното списание „Nature“ беше првиот што укажа на плагијат во дисертацијата на Понта, по што етичкиот комитет на универзитетот во Букурешт едногласно потврди дека Понта препишал 115 од 297 страници содржани во неговата дисертација.

Понта (47) беше премиер на Романија од мај 2012 до ноември 2015 година.